Се наоѓаме пред езерото Турија и од ова езеро се наводнуваат земјоделските површини во целата Струмичката котлина, но и се снабдува Струмица со вода за пиење. Поради неспособноста на Заев и од ова езеро како сите останати акумулации ширум Република Македонија е доведено во знак прашање. Езерото Турија е доведено до степен на пресушување. Водата од езерото е намалена за повеќе од половина.

Зоран Заев ја става под знак прашалник претстојната земјоделска сезона.

Езерото Турија е од есенцијална важност за целиот регион.

Зоран Заев не смее да си поигрува со егзистенцијата на илјадници семејства кои што живеат од земјоделство и ги прехрануваат своите семејства.

Потребен е сериозен пристап со управување со водниот ресурс во Република Македонија.

Почитувани,

Се што покажа власта е дека со аматеризам и трка за профит, при што страдаат граѓаните.

Сите езера ги пресушија, само за да произведат повеќе струја во летниот период, кога таа е поевтина, а сега не можат да произведат струја и увезуваат поскапа струја. Едноставно кажано, двоен трошок.

Државата и граѓаните се систематски и трајно оштетени. Токму затоа го повикуваме Зоран Заев да не си игра со водниот фонд во Република Македонија и доколку не знае да управува со истиот, нека се советува со експертите кои што нашата држава ги има.

Цветан Трипуновски