photo]

Во текот на вчерашниот ден доцна навечер заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе повеќе кадрови одлуки во насока на реструктуирањето и катарзата која беше најавена од страна на Претседателот Христијан Мицкоски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на следниве Претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ:

· Претседател на ОК НОВО СЕЛО - Петар Марков

· Претседател на ОК СТРУМИЦА - Жан Дрвошанов

· Претседател на ОК МАВРОВО И РОСТУШЕ - Харис Ибраими

· Претседател на ОК РАДОВИШ - Ванчо Ристов

· Претседател на ОК ПРИЛЕП - Дејан Продановски

· Претседател на ОК БОСИЛОВО - Мито Андонов

· Претседател на ОК ПЕХЧЕВО - Александар Китански

· Претседател на ОК БОГДАНЦИ - Марјан Пеев

· Претседател на ОК КОЧАНИ - Митче Стојков

· Претседател на ОК ПРОБИШТИП - Марјан Миленковски

· Претседател на ОК ДОЈРАН - Ѓорѓи Граматиков

· Претседател на ОК ДЕЛЧЕВО - Сашко Ивановски

· Претседател на ОК БЕРОВО - Столе Каракутовски

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за избор на Претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и тоа следните членови:

· Мане Јаковлевски

· Слободан Анастасовски

· Драган Димишков

· Љупчо Трпевски

· Ѓорѓи Илиевски

· Мирослав Тасевски

· Драган Василевски

· Бранко Момировски

· Ѓорѓи Малковски

· Живко Ристески

· Александар Бичиклиски

· Илија Шаторот

· Сашо Наковски

· Златко Милошевски

· Ламбе Арнаудов

· Душко Ѓорѓиев

· Милан Кузев

· Сашо Дранго

· Борис Јанев

· Ванчо Каранфилов

· Марија Кирова

· Ристо Ѓоргиев

· Дејан Цветковски

· Митко Антовски

· Симо Илиевски

· Владо Ѓорески

· Андон Чибишев


Воедно, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговараше и за актуелната политичка и економска ситуација, при што изрази сериозна загриженост за состојбата во здравството поврзана со Ковид-19 пандемијата, каде што секојдневно има траорни слики со починати од болниците на Венко Филипче, блокадата на Бугарија како резултат на лажните ветувања и пазарџиското однесување на Зоран Заев и распродавањето на државните интереси и државниот капитал, како и лошата состојба во економијата каде што секојдневно се бројат нови отпуштања.