Откако власта ги одби предлозите на ВМРО-ДПМНЕ поднесени во вид на амандмани заедно со Коалицијата О2 а со кои се предлагаше сите државни институции да добијат филтри на оџаците, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски прашува дали и за ова е виновна Бугарија?

Срамота! СДСМ и Владата го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се постават филтри на оџаците на јавните институции со цел да се намали загадувањето. Заев очигледно не дише исти воздух како и сите други.

И за ова Бугарија ли е виновна?, прашува Николоски.

Предлогот беше еден од амандманите поднесени за буџетот за 2021 година, со кој за борба против аерозагадувањето се предвидени само 1,3 милиони евра. Само за споредба, за патни трошоци и дневници се издвоени 12,9 милиони евра.