Продолжуваат протестите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Скопје ќе се постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот.

Покрај ова, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на натпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот, а ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.