Откако Претседателот Стево Пендаровски, денеска истакна дека одбивањето на членство на Македонија во Европската економска зона било со консензус на лидерската средба по ветото на Бугарија, а дел од медиумите пренесоа дека на тоа се согласил и Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил му одговори на Пендаровски.

- Дали има алтернатива членството во ЕУ од кое сме се подалеку со оваа влада?

Не, нема, ниту сега, ниту пред една година, ниту во иднина!

Дали Пендаровски треба да ја искористи секоја прилика да обезбеди членство во меѓународни организации кои ќе значат нови стандарди?

Да секако!

Дали Пендаровски прави разлика помеѓу Европска економска заедница која формално е пресликана во Европската Унија и за која вчера говореше и од друга страна Европска економска зона чиишто темели се во 1992 година за која денес пишува статус?

Очигледно дека не!

Да потсетам Стевo Пендаровски е Претседател на државата.

Проблем е кога носителите на највисоките функции немаат најосновни познавања на терминологијата во меѓународните односи, а претендираат да ја водат Македонија напред во меѓународната сфера, му одговори Мицкоски.