Македонија не почна преговори со ЕУ и не го доби фамозниот датум за преговори ни во 2018 ни во 2019 заради КРИМИНАЛОТ и КОРУПЦИЈАТА на Заев, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски објавувајќи видео со изјавите на премиерот Заев дека земјата добила датум за преговори.
- Сите овие години континуирано зборував дека со Заев и оваа криминална Влада Македонија НЕМА ДА ДОБИЕ датум за почеток на преговори.
За жал тоа се оствари! Нашите информации и апели НЕ САКАА да ги слушаат. ЦЕНАТА ја плаќаат сите граѓани за жал!
ОСТАВКА веднаш е решението!
Погледнете како Заев ,,доби датум” !, коментира Николоски