Јас не верувам во пресврт до крајот на годината. Особено не после овој потег на премиерот да назначи свој специјален претставник за Бугарија, Бучковски. Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија и во поширата јавност, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во гостувањето во ТВ Сител

- И затоа оној совет кој што беше даден вчера во Вашата емисија од претседателот Пендаровски дека по враќањето на Бучковски кој ќе советува, Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии и да ги брифира, јас уште од сега можам да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ, истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го смета за легитимен претставник на државата. Милошоски смета дека Македонија во меѓувреме наместо да чека, времето секако ќе помине, добро е по иницијатива на претседателот на државата, на владата, на опозицијата, на Парламентот да смогне сили на една лидерска средба и на една собраниска пленарна седница ако треба да биде од отворен или затворен тип нека процени Владата со какви информации располага да се разговара за една национална европска позиција која што ќе значи утврдување на рамката на нашиот национален идентитет како европска вредност.

„Членство во европска економска зона, тогаш Македонија не треба да пропушта такви шанси. Напротив би требало претседателот Пендаровски доколку за тоа разговарал со францускиот претседател Макрон, со Собранието, со Владата, со МАНУ, со Стопанските комори и другите надлежни институции треба да разговара на оваа тема. За да може Македонија додека го тера процесот за членство во ЕУ да напредува и на друг план. Бидејќи за разлика од пред десет години денес процесот на зачленување во ЕУ не е популарен и во самата ЕУ“, посочи Милошоски.

Милошоски рече дека влезот во европска економска зона би ја кренала македонската економија, тоа е отскочна даска која нуди многу предности.