Во денешното издание на дебатната емисија “Студио 10” гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за погрешните одлуки на Зоран Заев и Владата, како и за моменталната здравствена ситуација во државата, во која секој ден броиме заразени и мртви, а Заев организира избори во Штип.

Зоран Заев и СДСМ покажаа дека не само што не им се важни животите на граѓаните, туку дека ги интересира само функционерска фотеља и бизнис зделки. Срамно е во време на светска здравствена пандемија да се организираат избори, на кои веќе опозициска партија се откажа од настап на такви избори, вели Мицкоски.

“Секојдневно имаме голем број на починати луѓе, за жал. Ситуацијата ескалира и наместо да се посветиме на решавање на проблемите во здравството, да спасиме што повеќе луѓе, СДСМ единствено ги интересираат предвремените локални избори, за кои очигледно има сериозна намера да се одржат, занемарувајќи ги последиците кои за жал можат да бидат сериозни”, додаде Мицкоски.

Покрај Зоран Заев кој одамна докажа дека не се интересира за решавање на круцијални проблеми, во овој случај поврзани со здравството, исто така ниту кандидатот Сашко Николов не се посветува на својата дејност како доктор, туку брка политичка функција. Наместо да се ангажира во штипската болница, каде што бројката на заболени и починати е поразителна, др. Николов претендира да стане градоначалник, заврши Мицкоски.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ