Зоран Заев е човекот кој ја клекна на колена Република Македонија во преговорите со Република Бугарија, распродавајќи го македонскиот идентитет, јазик и историја. Зоран Заев се откажа од комитите, војводите и сите кои низ минатотото го дале својот живот за Република Македонија, претходно живеејќи со идеалите кои ги воделе низ борбата за Македонија.
Зоран Заев е човекот кој најмалку треба да го користи зборот "криминал", затоа што самиот збор е синоним за него и неговото потесно семејство. Единствено нешто кое што го интересира се матните бизнис зделки и стекнување на капитал врз грбот на граѓаните, додека граѓаните на Република Македонија се доведени на раб на невидена сиромаштија.
Покрај поигрувањето со националното чувство на македонските граѓани, Зоран Заев поигра со судбините на многу луѓе, знаејќи за проблемите во Еуростандард банка, а за тоа ги известил само своите соработници и партнери во бизнисите, вклучувајќи ја и поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска, која магично дозна кога е вистинскиот момент да ги повлече парите кои ги имала во Еуростандард банка.
Да не заборавиме дека околу триесетина струмички фирми биле дел од оној список на фирми кои не ги враќале месечните кредитни рати во Еуростандард банка, а најголемиот дел од нив во сопственост на Вице Заев, што и самиот Зоран Заев го потврди во вчерашното гостување на емисијата "Утрински брифинг".
Ова покажува каков човек ја води Република Македонија и на што се е спремен само за да го наполни својот џеб и џебот на своите најблиски, додека македонскиот народ секојдневно води борба за преживување со едвај минимални примања. Зоран Заев е човекот кој ја опустоши Република Македонија и на сето тоа мора да му дојде крај.
Одговорност мора да има!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ