Докторот Игор Николов, на својот фејсбук профил преку статус ја повика Комисијата за заразни болести да ги објави записниците од нивните состаноци за да јавноста утврди кој од членовите се изјасниле дека е безбедно да се оддржуваат избори во Штип.
- Да се објави записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, каде што членовите се изјасниле дека е безбедно да се одржат избори!!!
Во спротивно, целата одговорност за последиците по јавното здравје во Штип, ќе падне на експертот “епидемиолог” Зоран З.
Време е за уште едно вето за шарлатанот З.З. Овој пат Штипско вето.!!!
Запишани гласачи во Штип според ДИК 39.605, а за изборите да бидат успешни во првиот круг треба да гласаат 13,188 избирачи, а еден од кандидатите да освои 50% плус еден глас од излезните, коментира Николов.