Цел мандат Марин го потроши, а освен еден преуреден простор нема апсолутно ништо направено. Напротив се упропасти цела општина и тоа граѓаните лесно може да го видат.
Дивите депонии во Долно и Горно Лисиче остануваат нерешени. Кејот на Вардар е тотално запоставен.
Десетици нови згради никнаа на секоја слободна површина во Аеродром.
Стотици здрави дрвја беа исечени со амин на Марин и Шилегов заради изградба на нови згради.
Толку се неспособни, што единствениот еко-билборд поставен пред ТЦ "Бисер" со донација од приватна компанија се исуши, поради ненаводнување.
Загадувањето на воздухот руши рекорди, Аеродром е секојдневно број 1 најзагадена општина, ама СДСМ се фали дека изградиле ЕДЕН парк за 3 години.
Заборавија да се пофалат дека останатите 15 паркови во Аеродром им се исушија, фонтаните не функционираат, тревата буквално нема кој да ја искоси.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ