Предавничките политики на Заев не може да ги испере ниту една прес конференција на Кузеска, макар излегла и облечена како Сирма Војвода СДСМ се во очај.
Како расте нервозата, така и лагите во прес конференции им зачестуваат. Лажниот патриотизам не може да ги испере сите предавнички политики на Заев. Богданка Кузевска и како Сирма војвода да излезе на прес конференција и уште 100 пати да каже Мицкоски е крив нема да може да ги покрие анационалните изјави на Заев.
Факт е дека Заев пред недела дена говореше дека е блиску до договор со Бугарија во услови кога официјална Софија испраќаше негаторски барања.
Факт дека Заев изјавуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ кој нема само споделена, туку заедничка историја.
Факт е дека Заев ги омаловажи и македонските партизани и антифашистичката борба на македонскиот народ, говорејќи дека овде во втората светска војна Бугарија била администратор и дека ги ослободувале Куманово, Крива паланка и Скопје.
Факт е дека Заев велеше дека Гоце Делчев не се борел само за Македонија, потврдувајќи ги позициите на бугарските историчари.
Факт е дека Заев вршеше притисок врз историската комисија да ги прифати барањата на бугарската страна, во кои видовме дека придавката „македонски“ се бараше да се изостави.
ФАКТ Е ДЕКА ЗАЕВ ВЕЛЕШЕ ДЕКА ГОВОРОТ ВО СТРУМИЦА ИЛИ ПЕТРИЧ БИЛ ИСТ И ЈА ПОСТАВИ ДИЛЕМАТА ДАЛИ Е ТОЈ МОЖЕБИ БУГАРСКИ ЈАЗИК.
Факт е дека Заев се колнеше во жиците и во најмилото, па потоа излажа.
Единствено кое кај Заев е константа е дека СДСМ не се патриотска партија и не им приличи да бидат патриоти кои ќе стојат зад македонските национални и државни интереси.
Тоа што Заев неуспеа во своето пазарење е поради силната реакција и спротивставување на народот, опозицијата, МАНУ, УКИМ, историчарите и лингвистите, па и членовите на СДСМ кои му се спротивставија. Заев остана изолиран и затоа сега е овој изблик на лажен патриотизам во надеж да се спаси колку може да се спаси. Ама овие обиди на СДСМ се очајни и неуспешни. Народот порача ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ