Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави видео со кое се прикажуваат различните и спротивно дијаметрални ставови и изјави на Зоран Заев.

- Заев е подвоена личност, глуми лажен патриот, а го продава идентитетот и се откажува од придавката македонски. Заев се однесува како подвоена личност. Додека го продава идентитетот, се откажува од антифашистичката борба и преговара за придавката македонски, глуми лажен патриот и зборува за црвени линии. Се колнеше во најмилото и подоцна се откажа од Македонија. Кога ја рецитира стихотворбата за жицата, знаеме дека лаже, а Македонија бележи загуби. Погледнете како изгледа човек кој се однесува како подвоена личност, тоа е човек од кој не може да се очекува иднина. Оставка на Заев, слобода на народот, пишува Мицкоски.