СДСМ треба да се соочи со одговорноста, а не да шири лаги и невистини. И во овие тешки моменти за државата и граѓаните, неспособната СДСМ која не може да се справи со пандемијата и економијата, фабриката за лажни вести ја пуштаат на најјако.
Пред целата јавност Зоран Заев изјави дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека имаат заедничка историја. Граѓаните се сведоци кога Заев се колнеше во жицата и најмилото, па излажа.
Со изјавата дека Гоце Делчев се борел за Бугарија ги фрапираше граѓаните и потоа вршеше притисок врз Комисијата за историски прашања да ги прифатат барањата на бугарската страна.
Без чувства за татковината и за оние кои ги положиле своите животи за ова што го живеат денес граѓаните во Македонија, бесчувствителниот Заев ги повреди и македонските партизани и антифашистичката борба на македонскиот народ, велејќи дека Бугарија во Втората светска војна била само администратор.
СДСМ и Заев само знаат да “продаваат“ лажен патриотизам и да ги распродаваат националните македонски интереси.
Но, граѓаните на Македонија ги препознаа лагите на СДСМ и Заев и застанаа цврсто на браникот на татковината. Заев е сам и изолиран политичар во моментот. Не му успеа бизнис пазарењето со националните интереси на Македонија.
Затоа граѓаните бараат оставка на Заев, бидејќи Македонија може да биде слободна, просперитетна и демократска само без лажгото Заев.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ