Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само вистина" потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски побара одговор од Зоран Заев во однос на шпекулациите кои кружат веќе одреден период за негов близок соработник кој брифира новинари наоколу низ државата и споделува информации за одлуките на Зоран Заев.

Имено, се работи за Никола Димитров кој веќе одреден период оди низ Република Македонија и остварува контакти со новинари, на кои им споделува информации од преговорите со бугарската дипломатија, односно за решенијата и одлуките кои Зоран Заев ги донесува.

Димитров се пофалил дека Зоран Заев не ги прифатил барањата на Бугарија, само поради тоа што самиот тој присуствувал на тие разговори и во негово име барал да не се прифаќаат, односно дека главната виолина во тимот е всушност самиот тој.

Бројни новинари го потврдуваат ова, но очигледно Зоран Заев или не знае со кого соработува или пак умешно ги крие овие разговори, за да не ја покаже слабоста и немањето влијание врз одредени соработници.

Николоски вели дека вакви ситуации имало и порано, а се случуваат и во моментов, но очигледно Зоран Заев за нив не знае или молчи за да не испадне слабак во очите на членството, но чесно е да знаат.