Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја турне криминалната Влада на СДСМ и ДУИ најпрво преку интерпелацијата за Никола Димитров, а потоа и преку институционална борба, меѓу кои и борба во Собранието на Република Македонија.
Во следниот период ВМРО-ДПМНЕ има неколку начини на кои ќе ја натера Владата на Зоран Заев да поднесе оставка, односно да се формира нова Влада за национален спас, во која ќе партиципира и ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии, со цел да се води земјата се до моментот кога ќе се организираат и нови парламентарни избори – вели Николоски.
Тој истакна дека Зоран Заев прави притисоци врз одредени пратеници и членови на Владата, а тоа покажува само за нестабилноста и несигурноста на оваа Влада.
ВМРО-ДПМНЕ веќе разговара со одредени претставници на политичките партии, но не од СДСМ и ДУИ, со кои ќе ја води битката против криминалната власт на Зоран Заев.
Следува бурен период во кој Зоран Заев нема да се чувствува лагодно и нема да може да ги продолжи бизнис зделките кои ги зацртал во неговиот премиерски мандат. Нема да дозволиме граѓаните повторно да бидат измамени и изманипулирани и токму поради тоа ќе бидеме активни како во Собранието, така и на улиците низ Македонија – истакна Николоски.