Никола Димитров со својата вечерашна фејсбук објава не негираше дека се фалел дека тој е причината поради која Зоран Заев не потпишал предавнички договор со Бугарија, со кој се продава идентитетот, јазикот и историјата.
Никола Димитров со својот вечерашен статус потврди дека Зоран Заев се пазарел и за најсветото.
Објавата на Димитров потврдува дека постоел план и предлог договор по кој Заев се водел.
Димитров го разоткри Заев дека лажел и спротивно на јавните апели се пазарел со идентитетските обележја.
Срамно е што Димитров во својот статус се поистоветува со државата, во стилот на монархистичките тези - "Државата тоа сум јас".
Никола Димитров не заслужува повеќе да биде министер, затоа што најголемите неуспеси се врзани за време на неговото министерување.