Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбул профил вели дека Претседателот Стево Пендаровски нема никаков легитимите да организира лидерски средби поради сведочењата на реисот и поради слепото следење на кариератата на Зоран Заев.

- Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење, вклучувајќи ги сведочењето на реисот и доделувањето на мандатот на Зоран Заев, без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски.

Средба кај Претседател кој е без свој став или следи став на еден политичар, не прифаќаме.

Барав и барам средба со лидерите на партиите од власта и опозицијата, на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија, бидејќи јавноста и опозицијата не смеат целосно да се исклучени од овој процес.

Да дискутираме и за: ⁃ исклучително лошата состојба со корона кризата; ⁃ потребата за техничка влада по дебаклите на Владата; ⁃ екстремно лошата економска ситуација;

Веќе немаме години за губење. Скапоцено време за граѓаните и државата. Заев одбиваше лидерска средба, па го промени мислењето. И напоменувам дека ова не е првпат. Но, неоправдана суета и галопирана неспособност на еден човек не може да држи во заложништво цела држава.

И на крај, Заев заборава дека насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа!, вели Мицкоски