Ниту еден политичар не се дрзна да го направи тоа што го направи Зоран Заев затоа што знаел дека на тој начин практично ги урива сите преговарачки позиции создавани изминатите години, би рекол и децении, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата 200 на АЛСАТ М.
Мицкоски, праша во чие име Зоран Заев уште во опозиција договорал бизнис со Бугарија, односно како што рече тој зошто политичарите да разговараат за банки, телевизии, оптички кабли, рудници, додавајќи дали тоа е миразот кој што треба да го дадеме за да одиме напред како земја.
Еве ќе ви дадам неколку примери кога јас него сум го советувал, првиот пример беше кога имаше ако не се лажам онаа втора средба во рамките на Клуб на пратеници кога он велеше јас сум спремен да водам Илинденска Македонија, ерга омнес ќе го менуваме уставот, го предупредив и на самата средба, но и надвор од средбата, немој да ги напушташ преговарачките позиции затоа што ова е првиот чекор кон тоа да некој во Македонија прифати промена на устав или ерга омнес, затоа што следното ќе биде стапот, ова е морковот. Морковот до вечер ќе ти го земат, следно што ќе биде ќе биде стапот и тоа се случи. И сега кога вие ќе ја отворите малку Пандорината кутија што мислите со останатите соседи кои што мораме ние објективно да признаеме се побројни и помоќни од нас, од Македонија, објективно мора да признаеме и ние сакаме да идеме каде што се тие внатре и нема да сакаат уште малку да ја подотворат Пандорината кутија, поготово имајќи во предвид тоа што сте збореле кога сте биле опозиционер во тие неофицијални лични контакти со тие политичари. И на тој начин, простете навистина не е ниту мое ниво, ниту мое достоинство, ниту човечко ниту политичко, ниту еве како педагок, да отворам прапања кои што воопшто не се ни тема на разговор. Како може вие да ветувате нешто што не е ваша своевина за тоа зборувам, како приватна телевизија како банка како рудник итн, додаде Мицкоски.