Штип покажа дека Заев е лицемерен и одлепен од реалноста владетел кој нема доверба од народот и е со се поголема нервоза.

Штип му удри шамар на Заев со 3.600 помалку гласови за СДСМ споредено со претходните локални избори.

Да одговорат од СДСМ кого победија и зошто славеа, на избори на кои немаа реален противник.

Изборите во Штип покажаа дека Заев вршеше тортура на својот народ, притисоци, закани и уцени и плаќања по 200 евра за глас и на крајот едвај го поминаа цензусот за градоначалник.

Заев вадеше болни од корона да гласаат со сила за да после слават по кафеани кршејќи закони за кои денес институциите молчат наместо да казнуваат. СДСМ загуби во Штип 3.600 гласа споредено со претходните локални избори.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ