Господа од власта исполнете го вашето ветување кон вработените од Еурокомпозит кои немаат веќе ни за леб!!!
Додека власта во празнична атмосфера, на топло го крои буџетот за тендери и до 7.5 милиони евра за огрев на селско училиште со 20 ученици, надвор на ладно 30ина вработени од Еурокомпозит Прилеп чувани од кордон од 100ина полицајци си го бараат ветенето.
Бараат прифаќање на амандманот кој го поднесовме со колешката Лашкоска за исплата на нивните заостанати придонеси за кој во декември 2019 е изгласан и закон.Бараат почитување на законот.
Власта одделува пари за лубриканти и триста криминални глупости , а пари во буџетот за 2021 за Еурокомпозит нема
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ