Брзо помина периодот кога Заев глумеше лажен патриот, пак си се врати во водите каде игра најдобро, а тоа се предавничките политики.

Заев да им угоди на Бугарите сега ќе укинувал историја во основните школи со што нанесува тежок блам и срам за државата која се откажува од правото да изучува за својата историја.

Дополнително илјадници наставници можно е да останат без своите работни места.

Нема идентитетско обележје од кое Заев не се откажа. Кога Заев ќе ги стави рацете на образованието таму ќе се случи катастрофа.

Повикуваме на повлекување на концептот за образование и веднаш отворање на широка и детална презентација на содржините кои се отфрлени и оние кои би останале во образовниот процес, како и широка и детална јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори, институции, институти и научни титули, за да не се случи македонската историја да биде одземена од македонската иднина.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ