За кои државни интереси пишува Центарот за комуникации на СДСМ, за истите кои Заев ги стави на тацна за продавање?
За кои државни интереси говори СДСМ, за оние кои нивниот претседател тргува на секоја страна како да се во негова сопственост?
Таков случај е и со ветото од кај нашиот источен сосед, паднаа во вода сите лаги на власта дека Зоран Заев ќе обезбедел европска, достоинствена иднина. Но она што е загрижувачки е што постои хазадерската игра на Зоран Заев со идентитетот, историјата, јазикот.
Зоран Заев игра и губи со македонските вредности и обележја. Зоран Заев игра со „all in“ со животите на граѓаните.
Со СДСМ и Зоран Заев изгубивме многу и продолжуваме да губиме.
Време е Зоран Заев да си замине од премиерската фотелја, доста е нанесено зло на државата.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ