Mинистерката за култура на Република Македонија Ирена Стефоска,на денешната прес конференција во недостиг на сопствена програма и визија,презентираше голем дел од мерките и активностите содрани во предизборната програма за култура на ВМРО-ДПМНЕ,но само во вербална,а не во практична смисла,за кое се сомневаме дека има капацитет било што да реализира. Само да потсетиме каков беше односот на СДСМ во изминатиов период:

Културата беше прва на удар, но за жал последна во спроведување на протоколи за елементарно функционирање.

70% од поддржаните проекти од министерството за култура не се реализирани, а буџетските средства не само што се потрошени, туку направени се незапамтени долгови во сите дејности, што е јасен знак дека виртуелната култура „послужила“ за очигледни манипулации во Ковид кризата.

Впечатокот за културните настани во услови на Ковид е дека истите се реализираат формално, конфузно и далеку од очите на јавноста.

Установите од областа на културата беа затворени речиси цела година, додека театрите, киносалите, музеите во нашето непосредно соседството, како на пример Србија, Бугарија, Хрватска, најдоа начин како да ги реализираат своите уметнички програми, а особено продукциите на независниот културен сектор, со цел да се стимулираат уметниците и полесно да ја пребродат кризата.

Наместо да добиеме конкурс со јасни и прецизни критериуми, мерила и услови за поддршка на квалитетна уметничка продукција, добивме мешавина од квази-мерки за божемна позитивна дискриминација.

Во услови кога е најпотребна поддршката и стимулацијата на современото музичко-сценско, драмско, ликовно, книжевно и филмско творештво преку откуп на уметнички дела, истите не се дел од приоритетите на овој Конкурс.

Наместо квалитетна и оправдана поддршка на младите културни творци и учесници во културата, истите се фаворизираат на нејасен начин во самите критериуми на конкурсот.

Во програмата на СДСМ беше ветено дека ќе ја следат стратегијата за дигитализација во културата на Европската Унија-За жал Владата на СДСМ во изминатите 100 дена не е ниту на почеток за релизиција на основните услови кои треба да бидат исполнети за да се следи европската стратегија за дигитализација во однос на културното наследство .

Не се објавени резултати од Конкурсот за финансирање на филмски проекти во вториот рок, а истите согласно Законот за филмска дејност требаше да бидат објавени во октомври. За првите 100 дена влада- немаше НИЕДНО значајно меѓународно претставување на државата на културен план. И тоа не се должи само на генерално редуцираните културни програми во време на пандемска криза. Туку и на отсуството на визија, желба и волја, за меѓународна промоција на македонската култура. И сето тоа придружено од страв и неснаоѓање наметнато со новите "добрососедски политики" од областа на културата.

Стотиот ден на Владата, културата свечено го одбележа со купон за брашно и зејтин.