Професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил со ироничен коментар вели дека портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов е надрилекар поради неговите изјави за хистеријата која наводно ја покажувал Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- Реномираниот лекар, д-р Костадин Костадинов, кршејќи ја Хипократовата заклетва, мирно и научно суверено ја соопшти колективната дијагноза пред македонската јавност: хистеричен лидер, хистерични пратеници, тоа е ВМРО- ДПМНЕ.
Се разбира, неопходно е второ, а можеби и конзилијарно мислење од вистински лекар(и). Крајно време е да се воведе обрска за задолжителен систематски преглед, со посебен акцент на психијатрискиот на сите носители на јавни функции: претседателот на државата, премиерот и министрите, претседателот на собранието и пратениците, час поскоро, заради превенција од надрилекарствo, но и заштита на народното здравје, коментира Силјановска.