Власта на Заев систематски работи на анационалните политики. Неговата сервилност и газење по националното и државното достоинство се гледа во намерата да го укинат како посебен предметот историја во основното образование.

Јавноста е сведок на обидите на власта на Заев за ретуширање на историјата на Македонија и македонскиот народ. Тоа се гледа и во неговото интервју во кое го омаловажи антифашистичкото движење на македонскиот народ и антифашистичките темели на кои е изградена Македонија како држава. Во истото интервју најави дека Македонија и Бугарија имаат иста, а не споделена историја и ја оспори засебноста на македонскиот јазик.

Сега гледаме дека неговото интервју било најава на операцијата која што министерката Цароска се обидува да ја спроведе, а тоа е да го девалвира предметот историја со цел научниот континуитет на македонската историја да го сведе на минорно изучување во рамки на нивната измислица општествени науки во основно образование.

Ова е опасен обид на власта на Заев да се избрише македонската историска наука и да се влијае врз најмладите генерации да го прифатат Заевото предавничко поимање на македонската историја, народ и јазик

Со Почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ