Љупчо Николовски трчајќи да обезбеди победа за доктор Сашко Николов, на изборите на кои немаше противник, и како по тоа му беа инспирација само Николовски си знае, заработи корона.

Орото од корона изборите во Штип заигра во СДСМ. По големата фешта во Штип позитивен на КОВИД-19 е генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Од глава им се удрија сите труби.

„Ситуација е под контрола“ на Венко Филипче стана корона бомба за СДСМ и Владата. Николовски кој е позитивен во неделата беше на орото со Заев и Николов.

Заев вчера со Шахпаска отвораше градинка во Ресен, а со Мила Царовска го посети училиштето во Пустец.

Сашко Николов по корона изборите беше и во Собранието.

Неодговорноста и негрижата на СДСМ резултираше кобно по граѓаните. Над 2.000 граѓани починаа. Срам е мал збор што може да се каже за политиката која ја води ова неспособна власт.

Заев и Владата да сносат одговорност за кластерот од корона изборите во Штип!