Бутел веќе неколку години е заборавена општина. Овде речиси скоро и ништо не се случува.
Предизборно ветените проекти од страна на градоначалникот Велимир Смилевски останаа само празно слово на хартија и една голема лага во која веќе ниту еден граѓанин не верува.
Еден од поголемите проекти кој се наоѓа во предизборната програма на Смилевски е изградба на плоштад во Бутел 1. Токму на ова место каде што денеска се наоѓаме требаше да има плоштад. И тоа внимавајте со краен рок на изградба до 2019-та година.
А, сега сме на крајот на 2020-та година, а за овој ветен проект нема започнато никаква почетна постапка за реализација. Ова е уште една од големите лаги на Смилевски.
Граѓаните на Општина Бутел се свесни за сите лажни предизборни ветувања, за огромната неспособност на оваа локална самоуправа и токму затоа СДСМ во Општина Бутел на последните парламентарни избори изгуби со 1.500 гласови разлика.
Сакаме јавно да го прашаме Смилевски зошто ги излажа граѓаните на општина Бутел? Зошто нема реализирано нити еден од ветените капитални проекти за нашата општина? Речиси цел мандат му помина, дали има намера барем во последните неколку месеци од својот мандат да реализира нешто од ветеното?
Почитувани,
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Бутел на буџетската расправа ќе поднесат повеќе амандмани и еден од амандманите ќе биде итна реализација на овој ветен проект плоштад во Бутел 1.
Се надеваме дека колку толку ќе го освестиме Смилевски барем неколку од проектите кои тој лично ги ветуваше да ги реализира, во што искрено за жал не веруваме.
Почитувани граѓани на општина Бутел,
Со жалење можеме да констатираме дека Велимир Смилевски ќе остане еден од најнеспособните градоначалници на една општина на територијата на градот Скопје. За најголема жал од сето ова најдебелиот крај го извлекуваат жителите на општина Бутел бидејќи беа сурово предизборно прелажани.
Дејан Митровски