Наместо СДСМ да излегува и да се фали со некакви си мерки за здравствените работници, нека одговори што направи претходниот период за истите.
Дали власта обезбеди доволно заштитна опрема за здравствените работници?
Зошто починаа дваесеттина здравствени лица?
Зошто се заразија над 2.500 здравствени работници од КОВИД-19?
Додека соседните земји од старт имаат протокол за лекување на пациенти од КОВИД-19, кај нас се уште нема протоколи за лекување. Секој лечи на различен начин, како знае и умее се снаоѓа за да спаси човечки живот. Доколку има протоколи ќе треба да се набави соодветната терапија.
Доколку се грижеа за здравјето немаше да лажат за вакцината, ќе има на почеток на 2021 година, ќе ја има на пролет, а во соседните земји ќе ја има уште во понеделник!
Одговори македонската јавност бара од власта.
Неспособноста на оваа влада само дозволи Македонија да се наоѓа на врвот по црните статистики во регионот, Европа, па и светот.
Поради неспособноста на оваа власт умираат граѓани и здравствени работници.
Одговорност и оставка од Заев и Филипче веднаш!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ