Со тоа што Заев изјавува дека на спомен обележјата каде пишува „бугарски фасистички окупатор“ е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“ значи дека јавно изјавува е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет.
Заев на јавна сцена признава дека тргува со идентитетот и е подготвен да прифати ноторен факт и вистина дека бугарската држава за време на Втората светска војна била фашистичка и биле окупатор.
Со тоа Заев продолжува со политиката на свиткана кичма и предавнички отстапки кои говорат дека Заев е најдобриот ас во Македонија на бугарската политичка сцена.
Заев освен што ја ретушира историјата и идентитетот на Македонците тој и го укинува предметот историја. Заев е прв пример на премиер кој за личен интерес продава идентитет на цел народ и земја.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ