Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил изрази почит кон великанот на македонската култура Блаже Конески. Тој пренесувајќи ги стиховите од поезијата „Лажни пророци“ напишана во 1989 година, го одбележа денот кога е роден Конески, но во исто време, преку содржината на стиховите упати и индиректна порака до Премиерот Зоран Заев кој денес беше во посета на родната куќа на Конески истакнувајќи дека овој великан ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот идентитет и положи венец пред неговиот споменик.

- Во чест на великанот и неговиот роденден...

“Ќе дојде време на лажни пророци

што божем во мое име

ќе ве збираат по плоштадите,

ќе креваат врева до небеси,

ќе се бувтаат во градите.

Немојте да им верувате!

Тие мислат само на себеси.

Бес ги распина внатре

душите да ви ги затре.

Тие варосани гробови!

Не да им станете робови!, напиша Мицкоски притоа поставувајќи прашање кој ќе се препознае меѓу можниве пророци?