Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил и порача на власта дека доколку го избрише зборот „бугарски“ од спомениците кои говорат и сведочат за нападите од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на втората светска војна, во прва прилика кога ќе дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ ќе ги врати таблите какви што биле.

А, јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки.

Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме!, порача Мицкоски.