Езерата се доведени до раб на пресушување. Зоран Заев заради краткорочен профит е на пат да го уништи целиот биосвет како во вештачките акумулации, така и во Преспанското и Охридското езеро.

Хидроакумулациите ширум државата се речеси десеткувани. Купишта риба е исфрлена по бреговите.

Траорна е сликата и со Преспанското езеро, кое се повеќе наликува на мучуриште, 1 година апелираме власта да интервенира, а на Заев сега му текна за наводна помош од 80 милиони денари. Не само 80 милиони денари сега заради вашата неспособност се потребни многу повеќе од тоа, но потребен е и план и систематски пристап.

Заев не доведе во ситуација од земја со високо ниво на хидро потенцијал да кубуриме со вода.

Повикувам на одговорност. Некој мора да преземе одговорност!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ