Во 2021 година со коронакриза Владата очекува од даноци да собере повеќе пари од 2019-та година кога немаше корона криза, вака проектираните даночни приходи се на ниво од една милијарда и 918 милиони евра, споредно со една милијарда и 898 милиони евра во 2019-та година, не слушнавме дебата на што го темели Владата овој оптимизам, како и возможно во кризна година да очекуваат да соберат повеќе пари од 2019-та година кога немаше криза ниту во Македонија, ниту во светот, Владата врз основа што очекува да собере 142 милиони евра повеќе оваа година, праша вечерва од собраниската говорница Александар Николовски, потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание.

Во однос на трошоците во Буџетот, Николоски вели дека граѓаните треба да знаат дека Владата ќе потроши историски највисоки средства само за плати, во 2021 година за плати на администрацијата ќе се потрошат 20 милиони евра повеќе, споредбено со оваа 2020 година, и издатоците од Буџетот за плати ќе изнесуваат оваа година фантастични и рекордни 510 милиони евра.

- Значи за плати за администрацијата која очекуваат дека ќе им гласа на следните локални избори, Владата на Заев на СДСМ и ДУИ планира да потроши фантастични и рекордни 510 милиони евра, споредено со 2008 година во време на криза сме трошеле 339, а 2011 година 376 милиони евра, значи оваа година ќе се трошат 20 милиони евра повеќе од 2020 година каде исто така е соберен рекорд од 490 милиони евра, нема намалување на администрацијата, напротив има рекордни 510 милиони евра за плати во 2021 година, наместо да се трошат во капитални инвестиции, критикуваше Николоски од собраниската говорница вечерва.