Пандемија, рецесија, задолжувањата растат, затворени бизниси, беспарица, невработеност која галопирачки расте, колабирано здравство, образованието на колена, опљачкани земјоделци, засрамени пензионери, млади кои ја напуштаат Македонија... коментира Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Тој додава дека се срами што е дел од ова политичко мочуриште но додава дека е мотивиран повеќе од кога и да е да го порази Зоран Заев.
- Кога нацијата очекува вистина и одлучна борба со која ќе покажеме дека можеме и знаеме како, има и такви кои продолжуваат да ја лажат и манипулираат јавноста.
Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште, но истовремено сме помотивирани од било кога, мора да ги поразиме!,вели Мицкоски.