Дозволете ми од мое лично име и од името на партијата ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам празник 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик на сите припадници на турската заедница во Република Македонија.

Овој ден е од големо значење за турската заедница, но и за сите граѓани бидејќи правото на настава на мајчин јазик е едно од најзначајните права и приоритети на нашата држава со кое што се овозможува негување, заштита и промоција на својата културата, вредностите, традициите, јазикот и идентитетот на турската заедница.

Преку почит и вреднување на разликите, ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднина ќе продолжи да дава значаен придонес за турската заедница.

Посебно сакам да истакнам дека турскиот народ, култура и јазик се нераскинлив дел од Македонија и македонскиот народ и празнувајќи го овој ден ние ги празнуваме и почитуваме разликите и придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобра држава.

Во овие тешки моменти соочени со здравствена, економска и политичка криза, сакам да ви посакам овој ден да го прославите во заедништво, благосостојба, радост и мир.

Со почит, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ