Покрај загадувањето и сообраќајниот метеж најголемиот проблем на #ОпштинаАеродром е непланското градење, пишува на својот фејсбук профил членот на ВМРО-ДПМНЕ Златко Перински

- Градежната мафија е каузално врзана со првите два проблеми кои ги споменав, загадувањето, но и сообраќајниот метеж.

#ОпштинаАеродром не е рекордер по чистиот воздух, ниту пак по сообраќајниот ред, но затоа е рекордер по изградените згради и бетонот кој полека, но сигурно го окупира секое слободно место во Аеродром.

Бројќите од анализата покажуваат дека за само 10 месеци во 2020 година градоначалникот #ЗлаткоМарин одобрил изградба на 1155 станови или повеќе од 63.168 м2 нов станбен простор.

Ова значи дека во Аеродром, наместо урбанизирање, се случува бетонизирање на површина од околу 7 нови професионални фудбалски терени.

Во Аеродром ќе се гради колку во 4 општини заедно, Центар, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров или скоро половина од новите станови во цело Скопје се градат само во #ОпштинаАеродром.

Новите згради за жителите на Аеродром значат бетон, а за општината и Марин свежи пари, но главното прашање е што се изгради од страна на општината со бетонизирањето на Аеродром?

Одговорот е очигледен, НИШТО.

Граѓаните и натаму не гледаат ништо од парите кои се слеваат во општинската каса, и понатаму Аеродром е неславен рекордер по загадување, по сообраќајниот метеж и сега по урбаното дивеење и бетонизирање на општината.

Срамота!!!, коментира Перински.