Костадинов кој го видовме како крши закони и среде КОВИД отвора и затвора кафеани, директно загрозувајќи го здравјето на граѓаните, а притоа молчат и полицијата, и обвинителството и инспекторатот нема право да зборува за борба против криминал.

Дополнително што Костадинов потекнува од партија чиј претседател Зоран Заев е аболициран за криминал.

Костадинов е дел од политичката гарнитура во чие време се случија Рекет 1 и 2, Сар Хемс, Леонардо, 200 милионскиот криминал со ШИК ЈЕЛАК, 200 милионскиот криминал со пропаѓањето на Еуростандард банката и многу други афери.

Криминал, само криминал и криминал се опис за владеењето на СДСМ.

После 4 години апсолутна власт и никаква борба против криминалот совршено јасно е дека постои брак помеѓу власта и “сваровски” судиите, и “трас-трас” обвинителите. Впрочем Зоран Заев е тој кој праќал смс пораки кој да оди, а кој да не оди во притвор, чувме аудио материјали како врши влијанија и нарачува пресуди.

Партијата за време на чие владеење не се разреши ниту еден криминал нема кредибилитет.

СДСМ не се бори против криминалот, СДСМ го поддржува и продуцира криминалот.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ