Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски заедно со Генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски, денеска беа во посета на Општинскиот комитет во Прилеп.
- Денес во револуционерен Прилеп! Градот кој прв ја почна револуцијата против окупаторите, а не администраторите! Градот херој!
Со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски остваривме средби со партиските структури како и со граѓаните на Прилеп. Мафијата го јаде трудот на тутунарите. Им ја јаде маката! Промените доаѓаат во Прилеп! Оставка на Заев, слобода на народот!, напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.