Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот фејсбук го праша Министерот Филипче што точно е договорено со Бугарија во врска со вакцините, колку количини на вакцини ќе добие Македонија како донација и кога може да се очекува да пристигнат истите, откако Министерот за здравство беше во посета на Бугарија и откако медиумите беа преплавени со информации за неговата посета, која заврши без конкретни детали.

- За пофалба е сечиј труд, што поскоро да се дојде до вакцината за #COVID за што повеќе македонски граѓани, дури и преку помош од соседите, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Само би сакал да го прашам Венко Филипче, што точно е договорено? Kога и колку вакцини можеме да очекуваме, за да може да се направи детален план“, прашува Мицкоски