Заев е најголемиот пораз за Македонија, смени име, менува идентитет, дно во политиката.
Зоран Заев е човекот кој и носи порази на Република Македонија во однос на секое поле. Имаме колабирано здравство, пропадната економија, а за сето тоа е главен виновник е самиот тој.
Република Македонија неколку години наназад е земја без просперитет и перспектива, граѓаните секојдневно остануваат без работа, младите бараат излез и спас во земјите низ Европа и светот, но за Зоран Заев тоа е само показател дека Македонија блеска.
До скоро време упорно ја лажеше јавноста за наводно добивање на датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега сведочиме на поразителниот факт дека Македонија не само што нема добиено датум, туку доби и вето од Бугарија. Ако се ова победите на Зоран Заев, тогаш нека престане да ги прогласува за победи, бидејќи освен срамни порази, тоа се директни понижувања на македонскиот народ.
Економската состојба во државата е сериозно лоша, македонската економија е клекната на колена, а Зоран Заев и Владата и понатака продолжуваат со позајмиците и задолжувањата со кои само си купуваат мир преку медиумите, додека граѓаните немаат средства пристојно да го поминат месецот. Само во изминатата година задолжувањето и економската дупка на Република Македонија е зголемена за 1 милијарда евра, а граѓаните не видоа ниту еден капитален проект кој би можел да се претстави како резултат на потрошените пари. Тоа доволно кажува каков човек ја води државата. Зоран Заев наместо да ги штити интересите на граѓаните, тој на средбите со соседните лидери не само што ги распродава националните интереси, туку си стекнува сопствен капитал врз грбот на граѓаните, доделувајќи бизниси на странски политичари. Тоа е срамно и за тоа треба да следи одговорност!
Во овие моменти на светска пандемија додека сите земји од регионот обезбедија огромни количини на вакцини за да го заштитат сопствениот народ, а некаде веќе и отпочна вакцинацијата, Зоран Заев не само што нема обезбедено доволни количини, туку и бара милостина од соседните земји.
Додека граѓаните на Србија, Бугарија, Хрватска и останатите земји стекнуваат имунитет на Ковид-19 вирусот преку вакцинацијата, граѓаните на Република Македонија се осудени да ја чекаат вакцината до март или април, а до тогаш да се молат на Господ да им го сочува здравјето.
На сето ова мора да му дојде крај! Зоран Заев мора да си замине од функцијата и да ја препушти државата на сериозни политичари и луѓе кои ќе сакаат да работат во служба на сопствениот народ, а не за сопствените интереси како што тоа го прави тој.
Доста е!
Заев оди си!
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ