Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. При своето гостување говореше за вакцините кои никако да стасаат за вакцинирање на граѓаните против КОВИД-19.
Власта е неспособна да набави вакцини, додека земјите во регионот имаат вакцини Македонија чека.
„Ние секојдневно гледаме колку имаме неспособна влада и колку имаме неспособни политичари кои што ја водат оваа влада. Меѓутоа ова е конкретен пример повторно и повторно колку ние неспособен министерот за здравство и премиерот на крајот од денот, и претседателот. Имено, не е точно дека ние многу, многу нешто се разликуваме од Србија економски гледано или било како гледано. Се разликуваме во тоа што таму е претседателот Вучиќ, а кај нас е Стево Пендаровски. Се разликуваме по тоа што таму премеир е Брнабиќ, а кај нас е Зоран Заев“, нагласи Пандов. Пандов додаде дека количините кои што ги доби Србија се и тоа од Фајзер затаоа што тој колку што разбрал македонската влада само од Фајзер се има ограничено. А, во светкиот пазар има 4-5 вакцини. Србија има земено од кинеските, од руските, од британските вакцини. И дури најавуваат дека наредниот месец ќе имаат еден милион вакцини.
„Ние ако се споредиме со Албанија исто така јас сум колку што разбрав Еди Рама лично бил во Америка во претставништвото на Фајзер да моли од позиција на премеир да добие час поскоро поголема количина на вакцини. А, каде е нашата Влада? Каде е нашиот претседател, каде е било кој нешто Венко дали мрднал, дали направил“, запраша Пандов.
Пандов посочи дека Венко што направи, а понижувачки е овој момент да моли за помош од Бугарија. А, Борисов посочи дека ако им останат вакцини ќе дадат на Македонија, тоа значи дека Македонија може и да не добие од Бугарија.
„Има официјална ранг листа, а таа е најцрната ранг листа по смртност на милион жители . А, Македонија иако ја сметаат дека е околу два милиони жители, ние сме на петто место во свет по смртност“, нагласи Пандов.
Пандов посочи дека соседните држави се во многу подобра ситуација од нас. И додека умираат луѓето вакцините можеби ќе стигнар март, април. Сите земји во светот знаат кога ќе им стасаат вакцините, а ние ништо не знаеме.