Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. Пандов говореше дека Димитров, па и целата влада треба веднаш да си поднесат оставка бидејќи многу зло и нанесоа на државата.

„Димитров да имаше малце образ ќе си поднесеше сам оставка. Како што конечно цела влада треба да си поднесе оставка. Затоа што главна работа и пред четири години, а и сега пред четири месеци на изборите беше дека да не ги говорам сите датуми кои што ги добивме заедно со Заев и Димитров, меѓутоа беше дека еве кај и да е ќе добиеме датум за преговори за ЕУ“, истакна Пандов.

Пандов додаде дека Никола Димитров е најповикан во целата оваа работа. Тој велеше еве кај и да е ќе го добиеме датумот за преговори со ЕУ. Но и Заев заедно со него е велепредавник и треба да одговара за сите постапки.

„Актуелната влада ниту еднаш не ги заштити граѓаните од бугарските реакции и навреди. Само изреагираа МАНУ, Институт за национална историја, Институтот „Крсте Петков Мисирков“ за македонски јазик, Филофоскиот факултет. Се направија дури и протести на студенти, според мене недоволно, Македонија има произведено доволно историчари, немам статистички точен број претпоставувам има ДЗС колку точно историчари има дипломирано. Дали е јасно дека ако такви промени настанат поготово сега тоа е во буквална смисла на зборот инжинеринг“, истакна Пандов.

Пандов додаде дека срамно беше интервјуто каде што владејачка партија во Македонија вели дека Бугарите се ослободители, а не фашисти.

„Според Бугарите и оваа власт Гоце Делчев треба да е регионален револуционер, не бил македонски“, нагласи Пандов.

Пандов рече дека според новите учебници Гоце Делчев нема да е од Кукуш, туку од Килкис. Македонија дојде во ситуација со договорите на Заев Македонија веќе да нема македонски театар, македонска опера и балет, македонска филхармонија.

„Според новите реформи за историја, во дадениот случај тоа што го бараат Бугарите, им текнало на Заев и Мила Царовска на мала врата да ја укинат на фински модел нели. Сакаат да ги укинат учебниците и да не вметнат се што им смета на Бугарите, на Грците“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека поради Заев сега Македонија се губи, на секој поглед се губи.

„Пописот е политички договор, апсолутно се гледа дека е политички договор, предизборен и постизборен помеѓу ДУИ и СДСМ. Јас како што сум информиран тие не се подготвени никакви амандмани да прифатат или било што. Од она што исто така сум информиран дека тој попис ќе биде се, само нема да биде попис“, истакна Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ во „Само Вистина“.

Пандов додаде дека пописот ќе биде политичка операција, нема да биде статистичка операција.

„Не постои човек во Република Македонија кој што не се согласува дека ние попис треба да имаме, но попис според Еуростат стандарди треба да е“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека со овој закон за попис нема да биде нормален европски попис.