Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ ја обвини власта за наспособност да набави вакцини и час поскоро да започне мунизација на населението.
Како може Вучиќ да каже нема цена за вакцини, а овие ништо не прават. Треба да одат да молат по компании. До толку се неспособни и дрва што не знаеле дека со сегашниот закон не ни можат да набават и сега вика не може ама не кажува решние. Заев знае да пушти закон како овој за ГАМА и да го блокира Собранието, ама да пушти измени на закон за да се купат вакцини, не знае, заклучи Николоски и додаде дека „неспособноста на Заев се мери со загубени човечки животи“.