Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот Христијански празник - Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар.
Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина.
Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во Вашите домови.
Оваа година Божиќ го празнуваме во посебни услови. Пандемијата кој го обзема светот е се уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто да се потсетиме и да ги применуваме Христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но пред се да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот.
Христос се роди! Среќен Божиќ!
Со почит, Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ