Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата втор ден водат битка против донесувањето на Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, заради тоа што станува очигледен обид за криминал на власта и штета на сметка на граѓаните во висина од 33 милиони евра, вели Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
- Власта вчера се обиде да го силува Собранието. Не успеаа! Денес на католички Божиќ закажаа седница на Собрание и сакаат да се работи до доцна во ноќта, само народот да не види. Но гледа, коментира Николоски.