Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ се осврна на Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпертол АД по пат на спогодба кој е на дневен ред во Собрание по скартена постапка.
„Прво, нема потреба ако Зоран Заев ветил дека ќе го купува делот од Гасоводот тоа да дојде во парламентот и да добие легитимитет од парламентот. Тоа може да го направи Владата, единствен ваков договор беше оној со ОКТА и знаеме како скандалозно заврши“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека минатата година во завршната сметка на Буџетот книжени се средства и дека се префрлени на Национални енергетски ресусри кои власта ги калкулираше како капитална инвестиција во висина од околу две милијарди денари.
„Ова е прецено или што прават тие, ако чини нешто сто сакаат да платат 95“, кажа Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски заклучи дека договорот со Макпетрол е прецент, а интересот освен финансиски е и политички, добивање на наклонетост на медиум за покривање на владините политики.