Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, доцна вечерва, по завршувањето на интервјуто на ТВ Алфа отиде во Собранието на Република Македонија да им даде поддршка на пратениците кои се борат против донесувањето на Закон за исплата на 33 милиони евра на компанијата Макпетрол.
- Борбата за Македонија и граѓаните е секогаш и секаде. Од Собранието, заедно со пратениците кои ќе зборуваат доцна во ноќта против преценетиот закон и “поклонот” од Владата на Заев до Макпетрол. Поддршка за пратениците, пренесе преку социјалните мрежи претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.