Селекторот на кошаркарската репрезентација на Хрватска и тренер на екипата на Задар, Вељко Мршиќ, е примен во болница поради компликации од новиот коронавирус.

Весникот „Вечерњи лист“ објави денеска дека Мршиќ побарал лекарска помош, откако една недела се лекувал во домашни услови и имал константно покачена телесна температура.

Неговата здравствена состојба во моментов е стабилна, а Мршиќ сподели на социјалните мрежи фотографија на која се гледа како прима терапија.