Седницата за спорниот Предлог на Закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка со кое се предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра, продолжи и после полноќ а според најавите ќе трае до раните утрински часови.
Како што соопшти Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пратениците од опозицијата ќе се борат со сите сили да го спречат донесувањето на овој закон.
Во 2 часот после полноќ пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ се бори против обидот на Заев за спорен договор вреден 33 мил евра. Толку ли е голема злоупотребата што Заев сака во црни темници во ниедно време да се гласа во Собранието? НЕМА да дозволиме!, напиша на ФБ Николоски.